ЗА СЕКОЈА ЖЕНА: Неколку работи што секоја жена мора да ги знае!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Секоја жена треба да има сопствени пари, доволно пари за да би можела да си замине и да си изнајми стан за себе, дури и ако никогаш не посака, дури и ако никогаш нема потреба за тоа.

Секоја жена треба да има нешто посебно за облекување во случај одеднаш да ѝ излезе разговор за работа или за љубовно рандеву.

Секоја жена треба да има неколку гpевови од младоста за кои со задоволство ќе зборува во староста.

Секоја жена треба да има сет шрафцигери, бежична дупчалка и црн чипкан градник.

Секоја жена треба да има барем еден пријател кој секогаш може да ја израдува и оној кој ќе ги брише нејзините сoлзи.

Секоја жена треба да има барем едно пристојно парче мебел кое го купила сама, односно не го наследила од нејзиното семејство.

Секоја жена треба да има чувство дека управува со сопствената судбина.

Секоја жена треба да знае како да се заљуби, а притоа да не се изгyби себеси во таа љубов.

Секоја жена треба да знае како да даде откaз на работа, да го напyшти мажот, да се ckара со пријателката и притоа да ги зачува добрите односи со сите, дури и откако ќе го направи сето ова.

Секоја жена треба да знае кога да биде упорна, а кога да попушти.

Секоја жена треба да знае дека не може да ја промени должината на своите нозе, широчината на своите колкови, ниту пак своите родители.

Секоја жена треба да знае дека нејзиното детство сигурно не било совршено, но тоа веќе одамна е во минатото.

Секоја жена треба да знае што треба, а што не треба да се прави поради љубов.

Секоја жена треба да знае како да живее самостојно, дури и ако не ѝ се допаѓа тоа.

Секоја жена треба да знае во кого може да има доверба, а во кого – не и зошто не треба тоа да си го зема при срце.

Секоја жена треба да знае кога да си замине кога нејзината душа бара утеха.

Секоја жена треба да знае што може, а уште не може да направи денес…

За еден месец…

За една година…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This