ЗА СЕ ИМА ПРВ ПАТ: Средношколец доби единица по физичко на онлајн настава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средношколец во Хрватска добил единица по физичко образование за време на онлајн-настава, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Како што е наведено, професорот поставил апликација преку која ученикот требало да испрати доказ дека сработил некои вежби. Ученикот не го направил тоа во предвидениот рок и професорот му ставил единица во е-дневникот.

Весникот пишува дека првите десет дена од почетокот на електронската настава, која е организирана поради eпидeмијaтa на кoрoнaвиpycoт, се обележани со хaкeрcки нaпaди, pyшeњe на системот, зeмјoтрec во Загреб, нерамноправно oптoвaрyвaњe на учениците, како и голем број прашања на кои наставниците, учениците и родителите немаат одговор.

Хрватската министерка за образование Блаженка Дивјак рече дека околу 450.000 ученици и наставници во основните и средните училишта, како и 70.000 на факултетите, ја следат наставата преку сервисите CARNet и SRCE.

Наставата за најмалите деца е организирана преку телевизиска програма на ХРТ 3, а за средношколците и на Спортската телевизија и РТЛ 2.

Материјалите се пласираат преку Јутјуб, различни веб-страници, се комуницира преку групи на Вибер, Ватсап, како и преку е-маил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This