За струмички „Аватар“ плomбата и забpaната за работа не важат – и викендов си закажа журки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Село гори, баба се чешла, очигледно по оваа поговорка се води струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ што беше запечатен со пломба дека не смее да работи- па пак си организира журки. И покрај тоа што во јули беше затворен со налепница од државниот пазарен инспекторат и против сопственикот беше поднесена кривична пријава, оти ги прекрши здравствените протоколи па стотици граѓани без маски слободно се журкаа – „Аватар“ не застанува.

Зошто го прави ова менаџерот на клубот не беше достапен да одговори на повиците на Алфа.

Од Државниот пазарен инспекторат нѐ уверуваат дека клубот и покрај објавите, не смее и нема да му биде дозволено да работи.

Стапено е во контакт со нив и предупредени се, ако повторно отворат, тогаш полицијата ќе ги притвори. Тоа што е објавено за 7,8 и 9-ти нема да го одржат, тоа јас ви гарантирам. Аватар беше затворен со налепница 15 дена, има и кривична пријава и не смее да отвори додека не се донесат протоколи за ноќните клубови. Ако и покрај предупредувањата отвори, самиот сопственик си влегува во нови кривични дела. Ние сме поднеле кривична пријава до Аватар, во меѓувреме тие ставаат друг да биде газда, бидејќи и на физичките лица им поднесуваме кривична пријава. Ќе поднесеш кривична пријава и веднаш си одат изјави Стојко Пауновски – Директор на пазарен инспекторат.
Тој додава дека најлесно им е да ги чекаат и да ги казнат, меѓутоа џабе кога направена е веќе штетата, се собрале луѓе и короната се пренесува. Вели дека судот касно ги процесира пријавите и дека имале кривични пријави поднесени во мај кои сѐ уште не се во процедура.

Во меѓувреме на социјалните мрежи пред неколку часа „Аватар“ објави дека поради неповолните временски услови програмата за овој викенд се откажува, воопшто не спомнувајќи го фактот што не смее да работи.

Клубот организираше големо отворање на 11-ти јули во време на пандемијата со корона, на кое присуствувале 1500 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This