За Твитер Трамп е пooпacн од Талибанците, додека неговиот профил е блokиран, тие слободно споделуваат содржини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја осуди социјалната мрежа Твитер затоа што, според него, тоа им овозможило на Талибанците да се рекламираат, додека неговиот профил бил отповикан, пренесува Танјуг.

„Срамота е кога имате убијци и разбојници и диктатори и … многу морничави диктатори, држави, и на сите им е дозволено да зборуваат, но претседателот на Соединетите држави, има забрана за користење на платформата”, рече Трамп за„ Њузмакс “во телефонско интервју во средата вечерта.

Дејли Мејл пренесува дека на портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид му било дозволено да ги ажурира податоците за напредокот на исламистите, опишувајќи како талибанските воени единици го освоија Кабул.

Другите платформи, како што е Фејсбук, не дозволуваат коментари кои го слават насилството, а тоа важи и за терористичка група како што се Талибанците, додава британскиот весник.

Но, до средата навечер, профилот на Муџахедин на Твитер беше активен, со повеќе од 322.000 следбеници.

Портпаролот на Твитер рече дека ситуацијата во Авганистан брзо се менува и дека луѓето во таа земја го користат Твитер за да побараат помош.

„Приоритет на Твитер е безбедноста на луѓето, ние остануваме цврсто посветени на тоа. „Ќе продолжиме да ги спроведуваме правилата на компанијата и ќе ја следиме содржината што може да ги прекрши правилата на Твитер, особено правилата за величење на насилството, манипулација со платформата и спамирање“, рече портпаролот.

Твитер трајно ја укина сметката на Трамп на 8 јануари, по немирите што ги предизвикаа неговите поддржувачи во Капитол на 6 јануари, а во тоа време имаше повеќе од 80 милиони следбеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This