ЗА УТРЕ НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИ: Поддршка на патриотите неправедно обвинети за тероризам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комитетот за одбрана на дигнитетот на неправедно обвинетите патриоти повикува на мирен јавен собир и протест пред Основниот суд Скопје 1 за поддршка на патриотите обвинети за тероризам за настаните од 27 април 2017 година. Протестот ќе се одржи утре, на 22 август 2018 година, во 9.30 часот.

Повикот го објавуваме во целост.

Браќа и сестри Македонци!

Во среда на 22 август во 10.00 часот започнува судењето на македонските ПАТРИОТИ. Обвинети се и ќе бидат судени уметници, парламентарци, полицајци, сите големи ПАТРИОТИ кои ја бранеа Македонија на 27 април 2017 година. Тоа е голем обвинителско-судски срам, срам на векот. ПАТРИОТИ се обвинуваат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Борбата за вистината за Македонија не е тероризам. Молчењето, на политичарите од Република Македонија и на дипломатските претставници на меѓународната заедница во Македонија, за неправдата што им се прави на ПАТРИОТИТЕ е срамно. Мораме на сите нив и на обвинителско-судските послушници да им покажеме дека таму каде има репресии вистината е најмоќното оружје. Оружје против сите лаги, невистини, исконструирани политички и полициски прогони и местенки.

Затоа ги повикуваме граѓаните на Република Македонија на 22 август 2018 година (среда), во 9:30 часот да дојдат пред Основен суд Скопје I, во Скопје, на мирен јавен собир и мирен протест, да дадат поддршка на нашите ПАТРИОТИ и да изразат несогласување и револт против политичко-полициската харанга насочена против неправедно обвинетите ПАТРИОТИ, како и против обвинителско-судската неправда што им се нанесува.

Посебно ги повикуваме:
 Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт и несогласување да го напуштат Собранието на Република Македонија и во знак на поддршка и солидарност да дојдат пред Основен суд Скопје I, Скопје;
 Уметниците, а особено оперските пејачи, актерите и режисерите во Република Македонија да дојдат пред Основен суд Скопје I, во Скопје, и да се спротивстават на политичкиот, полицискиот, обвинителскиот и судскиот прогон на уметниците;
 Вработените во МВР и припадниците на полицискиот синдикат да дојдат пред Основен суд Скопје I, во Скопје, и да ги поддржат нивните колеги неправедно обвинети;
 Припадниците на македонските патриотски здруженија мирно да покажат несогласување со прогонот и обвинувањето на нивните членови;
 Блогерите и колумнистите во Македонија кои искрено и навистина ја почитуваат слободната мисла и напишаниот и изречен блогерски и колумнистички збор.

Сите заедно да покажеме дека битката на Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Мукоски, Василевски, Арнаудов, Димовски, Тарчуловски, Јане Ченто, Југ, Анѓеловски, Пешов, Чавков, Лазарови останатите обвинети патриоти, е и наша битка. Битка за СЛОБОДА, ПРАВДА, и битка за ВИСТИНАТАза тоа ШТО ТОЧНО се случи на 27 април 2017 година.
ДА СВЕТНЕ СОНЦЕ СРЕДЕ МРАК – 4 ИЛИНДЕН – ЗА МАКЕДОНИЈА!
Комитет за одбрана на дигнитетот на неправедно обвинетите патриоти (КОДНОП)
Сотир Костов, координатор
Скопје, 20 август 2018 година

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This