ЗА УCЛOBИТЕ НА СОФИЈА: Недостига уште сите да добиеме бугарски имиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии со иронија ја коментира декларацијата на бугарската Влада со условите за поддршка на Македонија за членство во Европска унија.

„Не очекував ништо помалку. Можеби фали уште сите да добиеме бугарски имиња?! За секој случај.
Туку мислам дека треба да им дадеме се, сепак се работи за национални интереси и за влез во ЕУ и НАТО. Јазикот македонски не е важен, како ни историјата, а ни корените. Гледајте ја големата слика, ова се ситници. Инаку сте против иднината на државата, вие клетници!!!

‘Клучното барање во овој дел е никаде во документите на ЕУ да не фигурира ‘македонскиот јазик’, односно ако веќе мора, да се користи терминот ‘официјален јазик на Република Северна Македонија’. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа ‘согласно Уставот на Република Северна Македонија’. Ова барање финишира со заклучокот дека ‘треба да биде јасно дека јазичната норма која е прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година’“, стои во објавата на Трајкоска на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This