ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ :Трајчевски потрошил 3.600 евра за патувања, репрезентации и службен телефон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за отворено и транспарентно работење и иницијативата на Владата на РМ за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции ја известува јавноста за трошоците на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 годин.

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во првата половина на годинава има направено трошоци во вкупен износ од 223.527,00 денари и тоа по следните ставки:

– при патувања во странство – 151.025,00 денари, од кои:

– за авионски билети – 90.016,00  денари,

– за хотелско сместување – 61.009,00 денари

– трошоци за репрезентација во Република Македонија– 55.630,00 денари од кои:

– угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми – 24.790,00 денари

– други угостителски услуги – 30.840,00 денари

– за службен мобилен телефон – 16.872,00 денари

Ова е втор извештај на Агенцијата за трошоците на директорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This