ЗА ШТО ВЛАДАТА ГИ ТРОШИ НАРОДНИТЕ ПАРИ: Преку 25.000 евра потрошени на ручеци во кафани за шест месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според податоците на владиниот сајт, највисоки трошоци во првите шест месеци, пријавил премиерот Зоран Заев, во висина од 50 илјади евра. Половина од нив или 25 илјади евра се трошоци во ресторани или бифеа, помала е сумата за авионски карти и за хотелско сместување. Заев потрошил и помалку од 3 илјади евра за подароци за странски делегации.

За ресторани, министрите на ДУИ кои намногу имаат потрошено се следниве: министерот за економија Крешник Бектеши има потрошено во ресторани вкупно 14.000 евра, инистерот за правда кој даде оставка, Биљал Салими- 12. ооо евра за ресторани, министерот за животна средина Садула Дураку- 8.300 евра за ресторани.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи кој пријавил 27 илјади евра трошоци, 11 илјади евра потрошил во ресторани.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров потрошил околу 26 илјади евра – за авионски карти биле платени 16 илјади евра, а за хотелско сместување 3 илјади евра. За ресторани и мензи во институциите- скоро 2. 400 евра. Угостителски услуги во странство- 1.500 евра, а за услуги во надворешни угостителски објекти- 1.300 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This