За што се спремаат Kocоварите? – Најголемата вoeна бaзa на Kocoво ќе биде каде што има нajмногу Срби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата база на косовските безбедносни сили ќе биде изградена во јужниот дел на Косовска Митровица.

Базата ќе биде изградена на илјада метри надморска височина, на врвот Црнуша, по должината на линијата на разграничување со областа каде што Србите на северот на Косово и Метохија сочинуваат компактно население. Ова е причина за загриженост, како во Косово, така и во Белград.

Базата ќе зафати скоро 200 хектари. Во моментов, врвот Црнуша се користи за репетитори на мобилна телефонија и радио и ТВ сигнали. Сопственик на просторот е општина јужна Митровица. Нејзиното раководство ја отстапи земјата на безбедносните сили кои се во процес на трансформација во армија.

Со Јужна Митровица управуваат Албанците, а со северниот дел Србите.

Од височините на Црнуша двата дела на градот можеа да се видат како на дланка. Тоа е клучната кота на таа граница меѓу таканареченото Северно Косово и Република Косово.

Албанците предлагаат идната база да го носи името на Иса Болетини, водачот на герилскиот отпор на Албанците кон Турците, Србите и Црногорците.

Тие велат дека со новата база, Митровица ќе биде стабилен град и „секој сантиметар од земјата ќе биде заштитен“.

Тие ќе имаат полигони за обука, ќе имаат станици за набудување и ќе можат да извршат еден вид блиц-криг од таа област, односно брзо продирање и распоредување на северот на Косово сè до административната линија со централна Србија, со цел да се спречи евентуалното снабдување со помош на Белград од загрозеното српско население. Се тоа под услов КФОР да не ги запре ваквите активности, вели Милован Дрецун, претседател на Комитетот за Косово и Метохија на српскиот парламент.

Договорот меѓу Белград и НАТО е дека припадниците на безбедносните сили не можат да одат на северот на Косово без одобрение од КФОР.

КФОР вели дека НАТО сè уште го разгледува своето ниво на посветеност кон безбедносните сили на Косово и дека тие продолжуваат да ги гледаат како организација за одговор на природните катастрофи.

Од декември 2017 година, кога косовското собрание ја одобри десетгодишната трансформација на безбедносните сили во армија, таа организација гради инфраструктура за неколку илјади војници.

Припадниците на безбедносните сили неодамна се подготвуваа за првата меѓународна мисија и ќе учествуваат во операцијата на НАТО „Бранител на Европа“, која го опфаќа целиот регион, освен централниот дел на Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This