ЗА ЈАНУШЕВ НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА: Ни во минатото, ни сега, ниту во иднина нема да го прифатам новото име на земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев запрашан за спорот со името и новото име на земјата во текот на своето гостување во Канал5 телевизија изјави дека никој не може да му забрани или пак да му негира во однос на тоа како тој се чувствува во врска со договорот кој се потпиша во Преспа и истакна дека никогаш нема да го прифати новото име на Македонија.

Никој не може да ми забрани ниту пак да ми го негира тоа како јас се чувствувам во врска со тој договор. Каде што имаме не само променето устано име, каде што имаме буквално газење на нашиот идентитет и јазик. Јас сум Игор Јанушев, јас сум македонец од Република Македонија кој говори македонски јазик, можете да ми забраните да се осекам негативно и да го сметам тој договор за капитулатски? Зошто, тоа е мое право. Јас како Игор Јанушев, јас како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, дозволете да не го прифатам тоа, вели Јанушев во емисијата на Канал5.

Запрашан ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт дали ќе го користи новото име или името Република Македонија, Јанушев истакна тој ниту било кога во минатото, ниту било кога во сегашноста, ниту пак во иднината, никогаш, под никои услови, ниту пак во интимен разговор нема да ја додаде придавката на името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This