April 19, 2024, 12:15 am

ЗА 100 ДЕНА ЈА УКРАДОА ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ БРАНКО ЗА 10 ГОДИНИ: Хунтата на Заев краде безмилосно – Кочо Анѓушев „ќарил“ тендер од 2.6 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, д-р Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, додели тендер на фирмата Фероинвест која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра.

На 15.08 2017 година новоназначениот директор Миновски заедно со новиот комерцијален директор, Марјанчо Николов, поранешен пратеник на СДСМ од Велес, донеле одлука по јавна набавка бр.01-125/2016 со предмет на набавка Транспортни ленти за ПЕ Рудник. Од вкупно предвидените 258.300.000 денари за оваа набавка повеќе од половината односно 140.086.090 денари без ДДВ му се доделени на конзорциумот составен од Фероинвест од Македонија и Озербанд од Турција кои добиле 3 од 5те предвидени лота за оваа набавка.

 

За неполни 100 дена од влезот во новата Влада се поставува прашањето дали токму ваквите бизнис интереси на Кочо Анѓушев и фирмите поврзани со него беа вистинскиот мотив и инспирација да седне на вицепремиерската фотелја во владата на Заев?

Дали јавното противење на Анѓушев во медиумите за назначувањето на Србинот, а сега и Македонец, Александар Обрадовиќ за прв човек на ЕЛЕМ е всушност заради потребата од назначување на свој сопствен тим во ЕЛЕМ со цел реализација на своите бизнис енергетски интереси кои добро и се познати на јавноста. Очигледно е дека и покрај добро познатото “успешно” водење на српското ЕПС на Обрадовиќ, тој е мало дете и аматер во споредба со Анѓушев. Колку за потсетување, една од причините зошто Обрадовиќ доби клоца од српската влада беше скандалот со ископот на јаглен за централата Колубара кога беше откриено дека во едно деноноќие од 24 часа било водено 48 часовно ангажирање на машините кои вршеле ископ и транспорт на рудата.

Премиерот Заев иако имаше шанса од почетокот на неговото владеење да расчисти со ваквите “докажани” експерти и бизнисмени кои ги “оставија” своите крупни бизниси, сепак, се одлучи токму со нив да ја води економската политика на Владата.

Со оглед дека Македонија во моментов формално нема Јавен Обвинител се повикуваат моменталниот ВД ЈО Љиљана Спасовска и Потпретседателот на СДСМ и Министер за внатрешни Оливер Спасовски, да ја проверат законитоста во спроведувањето на оваа јавна набавка и нејзино доделување на довчерашниот нејзин управител, а сега вицепремиер Кочо Анѓушев.

Единствената логика позади сево ова е овозможување на Анѓушев поврат на парите кои сам се фалеше дека ги дал во кампањата на Заев се разбира со опција за дополнителен профит но се до зајакнувањето на формалните квалификации на фирмите на Вице Заев за нивен ангажман на работи во и околу РЕК Битола.

АИРЛИЈА нека е стартот на ЖИВОТОТ во Македонија за Вицепремиерот Анѓушев и Вицето Заев.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This