April 19, 2024, 12:32 pm

За 20 дена пoчинaле од кopoна 30 вakцинирани граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последната анализа на Министерството за здравство, од 6 до 26 август, со Ковид-19 биле заразени 17.020 граѓани, од кои 2.924 биле целосно вакцинирани, или 17%.

-Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89%, додека само 11% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, се наведува во анализата.

Во овој период како последица на корона вирусот починале 276 граѓани, од кои 246 не биле вакцинирани, а 30 примиле вакцина.

-Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство, информираат од Министерството.

Според податоците во анализата може да се заклучи дека вакцинираните сепак многу почесто се заразуваат од веќе прележаните.

-Институтот за јавно здравје анализирајќи ја неделната епидемиолошка состојба во државата има детектирано дека во период на една недела 54 лица кои еднаш биле позитивни на Ковид 19, повторно се заразиле со вирусот. Ако се анализира состојбата од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август 2021 година, во земјата вкупно се детектирани 351 случај на повторно заразување со вирусот, наведуваат од Министерството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This