April 25, 2024, 10:12 pm

За 30 отсто зголемен бројот на јапонските туристи во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на јапонските туристи во Македонија во изминатите две години е зголемен за 30 проценти, Јапонија лани воспостави нова иницијатива за земјите од Западен Балкан, во декември 2018 се одржа првата бизнис конференција за овие земји во Токио, порача вечерва јапонската амбасадорка Кеико Ханеда, набројувајќи ги достигнувањата во унапредувањето на билатералните односи меѓу земјава и Јапонија, на свеченото одбележување на 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи.

Таа ја спомена како мошне значајна во контекст на таа соработка Македонската организација АОТС, која брои македонски претприемачи со 200 членови чија бројка постојано расте и додаде дека секој од нив ја има посетено Јапонија за да се запознае со јапонскиот бизнис систем со надеж дека со јапонските компании еден ден ќе реализираат бизнис партнерство.

Ханеда порача дека Јапонија никогаш нема да ја заборави топлата поддршка што македонскиот народ ја дал за време на земјотресот и катаcтрофалното цу нами од 2011 година, како и по неодамнешните природни непогоди.

– За крај би сакала да ја изразам мојата длабока почит кон сите македонски граѓани за довербата и пријателството низ годините. Нашите две земји делат силни вредности и ние ќе продолжиме да работиме на натамошно зајакнување на нашите односи, порача јапонската амбасадорка Ханеда.

Таа пред присутните ја прочита пораката на шефот на јапонската дипломатија Таро Коно во која што тој порачува дека во изминатите 25 години постепено се градени врските меѓу двете земји, а тој процес особено се интензивирал со отворањето на Амбасадата во Токио на Македонија во 2013 година и со отворањето на Јапонската амбасада во 2017 година.

– Вашата земја е клуч на мирот и стабилноста во Западен Балкан. Решавањето на прашањето за името во голем дел беше важно за овој чекор напред, наведува во својата порака Коно.

Таро Коно во својата порака изразува надеж дека и натаму ќе продолжи соработката на двете земји и оти таа ќе придонесе за натамошниот општествено економски развој на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This