За 34 дејности нема да важи недела е ден за неделен одмор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порталот Работник открива кои дејности, според драфт верзијата на законското решние „недела е ден за неделен одмор“, ќе работат за време на овој ден.

Имено, станува збор за 34 дејности кои согласно драфт верзијата би требало да работат во недела, а тие се:

Одгледување на животни;
Мешовито фармерство;
Печатење и издавање на весници;
Производство на метали;
Трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници;
Аптеки;
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација;
Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности на санација на околината;
Копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт;
Складирање и помошни дејности во превозот;
Објекти за сместување;
Дејности за подготовка на оброци и служење на храна;
Филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма;
Емитување на програма;
Телекомуникации;
Информативни услужни дејности (хостирање, обработка на податоци, интернет портали и сл.);
Прикажување на филмови;
Фотографски дејности;
Ветеринарни дејности;
Изнајмување и давање под закуп (лизинг) на моторни возила;
Дејности на приватна заштита и услуги на заштита со помош на сигурносни системи;
Дејности на повикувачки центри;
Работи на одбраната;
Судски и правосудни дејности;
Работи на јавниот ред и безбедноста;
Дејности на пожарникарската служба;
Дејности за здравствена заштита;
Дејности на социјалната заштита со сместување;
Креативни, уметнички и забавни дејности;
Дејности на музеите;
Дејности на зоолошки градини и природни резервати;
Спортски, забавни и рекреативни дејности;
Погребни и слични дејности и
Трговски објекти со продажен простор до 200 метри квадратни на бензиски пумпи, гранични премини, аеродроми, железнички и автобуски станици и болници.
Во истото законско решние стои дека работодавачот е должен на работникот кој ќе извршува работни задачи во недела, да му исплаќа надоместок согласно закон или колективен договор. Работник има право и на корстење на неискористениот ден на неделен одмор најдоцна до крајот на наредната работна недела.

Синдикатите бараат на работниците коишто ќе работат за време на недела, дневницата да им биде зголемена за 50 %.

Целиот текст овде.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This