За 5 минути од Ново Лисиче до Судска палата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изградбата на новиот мост на Вардар во Аеродром, на булеварот АСНОМ, е во полн ек, а пред неколку дена, булеварот почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром, соопшти Град Скопје. По изградбата на новиот мост и пробивањето на новиот коридор, како што е соопштено, граѓаните од Ново Лисиче до Судска палата со автомобил ќе стигнуваат за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути. По овој мост ќе сообраќаат и нови автобуски линии кои дополнително ќе го намалат сообраќајниот метеж.

Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје.

Новиот премин преку Вардар, велат од Градот, ќе ги поврзе улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром со улицата „Индустриска“ во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

-Третата и последна фаза од изградбата на новиот булевар АСНОМ опфаќа изградба на булевар на потегот од крстосницата со булеварот ‘Гоце Делчев’ до објектот на поранешен ‘Пролетер’ во населбата Ќерамидница. Согласно со проектот, оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри. Реализацијата на овој проект и градежните работи ќе се одвиваат согласно со динамиката на експропријацијата на имотите кои се на неговата траса“, велат од Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This