ЗАPAБОТЕТЕ ПAPИ: Доколку направите едно нешто Гугл ќе ви исплати 50.000 долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Програмата за награди отсега ги вклучува сите апликации што се наоѓаат на Google Play.

Во поплавата од безбедносни пропусти и апликации за Андроид што кријат малициозен софтвер, вируси и други несакани “гости“, во Google сфатија дека против ваквите феномени не можат да се борат сами.

Затоа, одтаму најавија измени во нивната Google Play Security програма за наградување, објави Зимо.

Во низата измени, можеби најважната е дека ќе се доделуваат награди и за апликации кои не се направени од Google, а тоа значи дека програмата отсега ги вклучува сите апликации што се наоѓаат на Google Play и имаат 100 милиони (или повеќе) инсталации.

Притоа, Google ќе му плати на хакерот кој ќе открие ранливост или злонамерен код и ќе помогне да се открие за што е одговорен авторот на апликацијата.

Сепак, ако авторот на апликацијата има своја програма за награда, хакерот ќе може да ја земе и таа награда, покрај таа на Google.

Google нема точен ценовник за наградата и истата зависи од самиот случај. Но, како што посочуваат одтаму, за откривање на некој пропуст хакерите ќе може да заработат до 50.000 долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This