March 28, 2024, 10:32 pm

ЗБОРОТ НА АБОЛИЦИРАН КРИМИНАЛЕЦ, НЕ Е ЗБОР: Лажење без усул – ова се ветувањата на аболицираниот криминалец Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев вели: „Зборот е збор“. Да, вистина, „зборот е збор“, но на неговите зборови не треба да се верува. Се прашувате зошто?

Ако почнеме да ги редиме сите негови лаги, ќе ни треба неколку дена.

Но, сепак да ги потсетиме симпатизерите на СДС чии кандидати ќе поддржат на овие локални избори.

Уште првиот ден после изборите, вети дека ако загуби со макар и еден глас, дека ќе се повлече од политиката. Потоа следуваа низа лажни ветувања кои им ги даде на граѓаните.

Да почнеме со неколку од нив:

– Ветуваше зголемување на пензиите. Зборот е збор?

– Ветуваше 100.000 денари плата за докторите. Зборот е збор?

– Заев се појавуваше пред камерите и велеше дека ќе ја повлече аболицијата за „Глобал“, доколку му биде дадена законска можност за тоа. Се разбира, до ден-денес тоа се нема случено. Зборот е збор?

– Заев пред медиумите ветуваше дека во законот за јазици не се предвидени никакви казни, за потоа сам да каже дека ќе следуваат казни за институциите. Зборот е збор?

– Пред декемвриските избори Зоран Заев ги лажеше оризарите дека целата количина ориз ќе им биде откупена уште од првиот ден откако ќе дошле на власт. Ветувањата на Заев одеа дотаму што СДСМ лепеше плакати дека загарантираната откупна цена на оризовата арпа ќе била 25 денари за килограм, додека загарантираната откупна цена за килограм бел ориз ќе била 50 денари за килограм.

– Вистината е следна: Во моментов има сеуште неоткупени количини од минатогодишната реколта, а тоа што се откупува , се откупува по значително пониски цени. Оризарите се жалат дека цените што им се нудат за откуп на оризовата арпа изнесуваат околу 16 денари за килограм, додека за белиот ориз им се нудат цени од околу 35 денари од килограм. Зборот е збор, нели?

– Заев ги излажа вработените од „Колска“, излегоа на штрајк и го блокираа железничкиот сообраќај. Вработените се уште ги чекаат заостанатите плати, иако со слатките зборови на Заев уште пред три месеци им беше речено дека „презема обврска уште денеска да почне решавањето на проблемот на вработените кои шест месеци немаат земено плата, а ќе се изнајде и трајно решение за статусот на фабриката. Зборот е збор?

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This