ЗБОРОТ НЕ Е ЗБОР КОГА СЕ РАБОТИ ЗА СТУДЕНТИТЕ: Студентите не се приоритет на владата на СДСМ, законот за високо образование е рестриктивен и недемократски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција истакна дека студентите и високото образование не се приоритет на Владата предводена од СДСМ.

-Доколку владата сакаше да ја подобри состојбата во оваа област, немаше да има ваков однос. Ставија европско знаменце на законот за високо образование, а се покажа дека тоа е само начин да ја забрзаат процедурата, но не и суштински да го подобрат текстот на законот. Како поинаку да се толкува фактот што мнозинството и министерката Рената Дескоска одбиваат да прифатат амандмани со кои се предвидува зацврстување на автономијата на студентското организирање, како и зачувување на студентскиот стандард, рече Андоновски.

Според него, предложениот закон е рестриктивен и недемократски во однос на правата на студентите, студентските избори, односно студентскиот парламент. Вели дека со овој закон универзитетските односно факултетски студентски собранија стануваат тела на универзитетот, факултетот односно високата стручна школа, што, според него е погрешно. Андоновски потенцира дека со ова се влијае на автономијата и независноста на студентското организирање.

-Апсурдно е изборите за студентските претставници на факултетстките студентски собранија да ги распишува деканот наместо самите студенти. Студентскиот правобранител кој треба да ги штити правата на студентите ќе се бира на седница на универзитетскиот сенат и на сенатот ќе треба да му поднесува извештаи за неговата работа. На кого му служи студентскиот правобранител, на студентите или на професорите?, праша Андоновски.

Посочува дека предложените одредби значат инволвирање на универзитетот во работата на студентското движење. Појаснува дека студентите треба да бидат независни и не смее да има влијание на нив од страна на органите на единиците или универзитетот.

-Предлог законот го укинува правото за намалување на партиципацијата на децата од еднородителски семејства. Со предлогот на СДСМ, децата од еднородителски семејства се изедначени со сите други студенти и немаат право на поволности при студирањето. Социјалната компонента и вреднување на успехот и трудот на студентот веќе ги нема ни на хартија. Имено, СДСМ го укинува правото на редовен студент кој е запишан во приватна квота на државните универзитети и плаќа 400 евра, по првата година од студии доколку постигне просек од 8,5, да може да се префрли во државна квота и да плаќа само 200 евра до крајот на студирањето, доколку го задржи просекот. Се укинува и правото на бесплатно школување за студенти со завршен просек од над 9 во претходната година, рече Андоновски.

Вели дека со неприфаќањето на предлозите да се подобри текстот се пропушта шансата за подобар закон. Според него, со ова владата предводена од СДСМ покажува дека високото образование воопшто не им е приоритет, туку партиските интереси.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This