ЗБОРОТ СИ Е ЗБОР, АМА И ЗATBOPOT E ЗATBOP: Гаранциите на Заев валидни колку тоалетна хартија – прекршени сите одредби!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако СДСМ ги изгуби вонредните парламентарни избори во декември 2016 година, сепак под силен притисок на меѓунаредната поддршка која ја уживаше Зоран Заев, успеа да формира парламентарно мнозинство благодарение на „ручната“ од Калето која не му дозволи на ДУИ повторно да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и да формира Влада.

Притисокот тогаш беше сконцентриран кон Претседателот на државата, Ѓорге Иванов кој успеа да изнуди пишан документ од страна на Заев кој беше именуван како Гаранција за добивање на мандатот.

Од денешна гледна точка, го објавуваме документот и содржината на овој документ со намера да увидиме што од гаранциите беше испочитувано.

Во изјавата се дадени гаранции во четири точки:

1. Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија.

2. Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија.

3. Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани, без оглед на етничката, религиска и јазична припадност.

4. Гарантираме дека процесот на носење на одлуки за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, недоведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава.

Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејствие кои би биле спротивни на погоре наведените ставови, не можат да бидат услов ниту основа за формирање и дејствување на Владата на Република Македонија, се вели во изјавата со гаранции потпишана од претседателот на СДСМ и нов мандатар Зоран Заев.

Реалноста е следна:

Како најголема причина за потпишувањето на овие гаранции беше таканаречената „Тиранска платформа“ за која Заев и СДСМ тогаш велеа дека е само во главата на вмровците, а истата на големо е спроведена и реализирана, а деновиве и шверцерски озаконета. Од „Тиранската платформа“ единствена неостварена точка е ослободувањето на злocтopниците од „Диво Насеље“ и „Смилковско Езеро“

Што се однесува на уставниот поредок и територијалната целина, објективно можеме да констатираме дека не само што не е зачуван, туку е целосно руиниран и превртен, а територијалната целина е компромитирана повеќе од било кога благодарение на „летечките орли“ и секојденвните изјави на нашите вековни добронамерни соседи од истокот, југот или западот.

За Заштитата на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани, без оглед на етничката, религиска и јазична припадност е трагикомично да образложуваме, повеќе од јасно е дека целокупниот акцент е ставен исклучиво на една етничка заедница и јазик за која и не сме сигурни дека е застапена онoлку колку што се шпекулира, а процентите се фрлаат од ракав бидејќи од попис абер нема.

Заев завршува со ветувањето дека сите процеси ќе бидат водени во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, недоведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава.

Почнувајќи од начинот на кој Талат Џафери беше изгласан за Претседател на Собранието, што доведе до ескалација на состојбата и упадот на 27 април, судските процеси против инволвираните во настаните во Собранието, групите кои работат за ревидирање и изменување на историските учебници со Бугарија и Грција, продолжувањето на уставните измени и покрај неуспешниот Референдум, начинот на кој беа обезбедни гласови од пратеници кои претходно беа ослвувани како kpиминалци и хyлигани само за да се истера агендата, можеме да констатираме дека изостануваат демократските принципи и владението на правото во целост, а што се однесува на потчинетоста, не само што сме потчинети, туку и целосно клекнати, ставени на милост и немилост на Бугарија и Грција.

Оттука следува прашењето, дали овој документ со гаранции повлекува правна, кривична или било каква одговорност од Зоран Заев?

Ако се водиме по словото на законот, Зоран Заев е виновен по основ на неколку kpивични дела против државата од најтежок вид- велепpeдавство, шпионажа, доведување на државата во подредена сосотојба и зависност од друга држава, но и низа kopупциски и финансиски скандали.

 

Зборот е збор, ама и затвор е затвор

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This