April 19, 2024, 11:54 pm

ЗБОРУВАЛ ВО ЖИВО НА „1ТВ“ ПРОТИВ ВИЦЕ ЗАЕВ, ГО ПPETEПАЛЕ: Струмичанецот Митко Ѓорѓиев пpeтeпaн пред неговиот дом бидејќи зборувал против Вицето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево околу 17 часот и 15 минути на улицата пред неговиот дом бил пpeтeпaн струмичанецот Митко Ѓорѓиев.

Веднаш по настанот, Митко се јави во редакцијата на Лидер за да не информира за случајот, додека оди кон струмичката болница.

-Целиот сум во кpв, во моментов одам кон болница. Се враќав кон дома и на улицата во темницата ме нaпaднaa три маскирани лица со боксирачи, целиот сум иcкpшeн. – ни рече Ѓорѓиев во краткиот телефонски разговор.

Струмичанецот се сомнева дека ова му се случило затоа што пред една недела се јавил во живо на 1тв и говорел против Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.

-Ова е поради тоа мое јавување, сигурен сум. Таму кажав како Заеви ја тероризираат Страница и сега ми се случува ова. – ни рече Ѓорѓиев.

На нашата молба да ни испрати фотографии, Ѓорѓиев ни одговори дека тоа ќе го стори подоцна затоа што неговата фамилија сеуште не знае и не сака да ги вознемири со грозоморните слики.

Ѓорѓиев веќе подолго време говори против фамилијата Заеви за кои во емисијата Блиц на ТВ Алфа, тврдеше дека наводно го фрлиле во должничко заложништво и цела Струмица ја држеле под лихва.

Видео од емисијата:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This