ЗВРЛЕВСКИ СО КОМЕНТАР ЗА ПРЕДЛОГОТ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН: Начинот на моето разрешување е преседан!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Републичкиот Јавен обвинител Марко Зврлевски, на денешната седница од говорницата во Собранието  рече дека предлогот на Владата за кој се бара негово разрешување од функцијата е преседан во правниот систем во Македонија.  Според него,  начинот на кој Советот за јавни обвинители го прифатил предлогот на Владата не е јасен, зошто до сега за неговата работа немало ниту една претставка а  во последните четири години Советот за јавни обвинители позитивно ги оценувал извештаите за работењето на Јавното обвинителство.

-Советот на јавни обвинители даде мислење дека  се согласува со предлогот на Владата, ни зошто ни како, ни врз основа на што. Како Советот на јавни обвинители одлучи дека треба да се согласи со предлогот кога изминатите четири години немаше ниедна претставка против моето работење во Советот на јавни обвинители. Како Советот на јавни обвинители одлучуваше дека треба да го прифати предлогот на Владата на Република Македонија кога наназад четири години позитивно ги оценуваше сите извештај за работењето на Јавното обвинителство. Ако имало како што дофрлате некој друг совет порано овој Совет пред десет дена исто така позитивно оцени работа на Јавни обвинителства, изјави Зврлевски.

-Јас сум речиси 30-етина години во Јавното обвинителство. Како Јавен обвинител стручно и успешно сум завршил 100-ица предмети, од секаков вид и карактер и лесни и тешки. Меѓутоа како Јавен обвинител на Република Македонија, како менаџер на институцијата се рудев да го подобрам, статусот финансиски, материјален и професионален на јавните обвинители и на другите вработени во јавното обвинителство, рече Зврлевски.

На крај Зврлевски потенцираше дека според него немало основни причини за да поднесе оставка.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This