ЗГОЛЕМЕНАТА АКЦИЗА ЌЕ „ИЗЕДЕ“ ЕДНА ПЛАТА: Со покачувањето на акцизата за нафта, владата ќе им одзеде по една просечна плата годишно на секое семејство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зголемувањето на акцизата за нафтени деривати ќе се одрази за зголемување на основните трошоци на животот на граѓаните, истакна Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Станува збор за производ чија побарувачка не е еластична, а нафтените деривати се производ без кој не се може во секојдневниот живот. Највеќе на удар ќе бидат земјоделците, таксистите, авто превозниците, транспортните компании, но зголемен трошок ќе се одрази и преку покачување на цената на чинење на други производи кои се за широка потрошувачка, а преку кој стопанствениците ќе сакаат да го надокнадат зголемиот трошок за нафтени деривати. Домино ефектот не неминовен, вели Делев.

Тој додава дека проценките се дека зголемената акциза на нафтените деривати на годишно ниво едно просечно семејство ќе го чини колку речиси една просечна плата од 20 до 22 илјади денари. Најзагрозени од мерката на владата се семејствата кои користат дизел автомобил, кои се занимаваат со земјоделие, кои имаат грејни тела кои се на енергенс базиран на овој нафтен дериват или мазут.

-Сето ова дополнително се сосема реално зголемување на цените на останати производи кои ќе бидат резултат на домино ефект од оваа мерка на владата, на семејствата владата ќе им земе по просек 20 илјади денари или речиси една просечна плата. Значи владата на секое семејство преку мерката за покачување на акцизата за нафтени деривати ќе му одземе по една просечна плата секоја година. Уште пострашно е што најавуваат и зголемување на персоналниот данок и на данокот на додадена вредност. Тоа е трошок плус за секој граѓанин. Со оваа мерка владата директно ја загрозува економската сигурност на домаќинствата, става рака во џебот на семејствата за да ја полни буџетската каса. А, притоа нема ниту почеток, ниту најава за некакви нови капитални проекти, изјави Делев.

Тој потенцираше дека ова е економска политика против интересите на граѓаните. Ова е политика на осиромашување на граѓаните. Ветуваа живот, донесоа сиромаштија.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This