ЗГОЛЕМЕНА АКЦИЗА НА ШТЕТА НА НАРОДОТ: Зголемената акциза на дизелот ќе значи и зголемување на цените на основните продукти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познато е дека Акцизите на територијата на Република Македонија се наплаќаат посредно или непосредно за потрошувачка на: нафтени производи, алкохол и алкохолни пијалаци, тутунски добра и патнички автомобили. Акцизните добра стануваат подлежни на акциза во три случаи: со нивното производство на територијата во Република Македонија, со нивниот увоз во земјава, и кога добрата се наоѓаат под царински надзор, пишува порталот Економски

 

Во нашиот случај, зголемувањето на акцизата која е воведена исклучиво од фискален интерес, ќе биде товар на македонските граѓани и фирми, кои на овој начин (како резултат на поскапената цена на дизелот) со нивни пари ќе ја полнат финансиската дупка на државниот буџет за дополнителни 31,7 милиони евра.

Дополнително, од почетокот на 2017, всушност ќе се оданочува производ, кој е главен ресурс во повеќе видови на проиводство од кои се развиваат клучни, носечки стопански гранки или дејности во државава, со што се разбира, ќе влијае дестимулативно на потрошувачката, производството, вработеноста и сл.

Акцизи за горивата во време на ВМРО-ДПМНЕ

Почнувајќи од 2012 година, тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ константно вршеше намалување на акцизата на нафтените деривати. Во време на Светска економска криза и Европска должничка криза, тогашната Влада на неколку наврати укажаваше дека македонската економија ќе се справува со кризата без да ги зголеми даноците и акцизите, но и без да се намали бројот на вработените во државните институции.

Имаше варирање на цените на нафтените деривати, но генерално цените се намалуваа. Во тоа време, цените на горивата во земјите од регионов почнаа да се движат по нагорна линија. Соседна Србија константно ја зголемуваше акцизата на горивата. Истото може да се каже за сите држави во регионот. Мерките на Владата на ВМРО ДПМНЕ за намалување на цените на горивата даваа резултат, а државните резерви на нафта се зголемија.

Несомнено е дека цените на нафтените деривати доста често се менуваат, паѓаат, па се зголемуваат и тоа на сите локални пазари, а тоа брзо се чуствува во делот на економијата. Но дополнително зголемување на акцизата, ќе ја зголеми конечната цена на горивата.

Констатацијата дека заради намалување на користењето на дизел гориво ќе дојде до драстично намалување на загадувањето, е трик и манипулација. Со зголемување на акциза нема да се намали користењето на дизелот, туку ќе се удри по џебот на 50% од граѓаните кои користат патнички возила со дизел мотор, како и транспортерите, индустријата, земјоделците, со што ќе предизвика општо поскапување на цените и инфлација.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This