Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во август годинава се повисоки за 2,3 отсто на месечно ниво, а за 16,5 отсто на годишно ниво, додека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1,7 проценти на месечно ниво, а за 14,1 процент на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во август во споредба со јули се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 2,4 отсто. Во споредба, пак, со минатогодишниот август во секторот Рударство и вадење на камен се повисоки за 20,7, а во секторот Преработувачка индустрија за 16,2 отсто.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во август годинава во споредба со претходниот месец се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 1,9 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,0 отсто, додека во споредба со минатогодишниот август се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 18,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 13,3 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 21,3 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This