ЗДРАВО СЕМЕЈСТВО КАКО ПОЛИГОН ЗА ЗДРАВИ ЛИЧНОСТИ: УМС на неформална средба со отец Ивица одоров и Андреј од ДНК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата младинска политичка организација во земјава, УМС на ВМРО-ДПМНЕ денес оствари неформална средба со отецот Ивица Тодоров и пејачот Андреј од групата ДНК на тема „Здраво семејство е полигон за здрави личности“

„„Здраво семејство е полигон за здрави личности“ е една од поентите од денешната неформална средба на младите од ВМРО-ДПМНЕ со отец Ивица Тодоров и Андреј, пејач и член на групата ДНК. Средбата беше организирана како начин на одбележување на Светскиот ден на семејството. На настанот членовите на УМС собираа и донации за помош на еднородителско семејство од Скопје, затоа што особено на ваквите денови се потсетуваме на потребата од меѓусебна помош и поддршка.
Затоа, #УМС ги повикува сите добронамерници да донираат средства за ова семејство кое живее во тешки материјални услови. За таа цел поставивме и кутија за донации во кафулето Центар бар на Рекорд“ – пишува во објавата на претседателот на УМС Лука Кржаловски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This