April 25, 2024, 12:41 am

Здравството на колена: Во кичевката болница ниту еден инфeктолог, додека Филипче се шета во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Болницата во Кичево со години се соочува со разни проблеми. Во последно време е забележан дефицит на медицински персонал. Поради Ковид-19 инфектолозите станаа најбарани лекари, но кичевската болница не располага со ниту еден инфектолог.

Овие снимки покажуваат како функционирал Одделот за инфектологија во оваа болница, каде може да се види и дека во недостиг на простор, оваа зграда сѐ уште функционира за неколку специјалистички оддели.

Дека нема инфектолог и дека болничкиот капацитет е недоволен за справување со оваа пандемија, потврдува и директорот на болницата, Станко Трпески.

Како што вели, во Кичево е забележан раст на нови случаи на коронавирус.

Според него, кичевската болница има 12 до 20 кревети наменети за пациенти заразени со Ковид- 19, но сепак како што објаснува, не се соодветни за актуелната состојба.

Во Кичево е регистриран и случај на заразен имам од една џамија, поради што Муфтивството затвори 8 џамии кои се наоѓаат во градот.

„Ги затворивме џамиите бидејќи ако ја затвориме само таа џамија каде колегата беше заразен, рековме дека верниците ќе одат во други џамии. Затоа одлучивме сите 8 џамии во градот да ги затвориме од недела до петок“, посочи Мурат Хусеини.

Бројот на заразени со Ковид-19 бележи раст и во Кичево. Според статистиките на Министерството за здравство досега се регистрирани 30 позитивни случаи, кои поради тешката здравствена состојба се лекуваат на клиниките во Скопје и Битола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This