Здравството пред кoлапc – Нова aлapмантнa бројка на нoвoзaрaзeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, Велес-1, Гостивар-1, Кочани-1, Ресен-1.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586. Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 3656, активни 1928
Куманово 818, активни 179
Дебар 120, активни 67
Штип 411, активни 166
Прилеп 289, активни 58
Тетово 831, активни 351
Струга 288, активни 187
Велес 198, активни 36
Битола 65, активни 24
Охрид 218, активни 189
Кавадарци 22, активни 15
Гостивар 188, активни 115
Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 18, активни 10
Крива Паланка 18, активни 12
Радовиш 4, активни 0
Крушево 8, активни 4
Кочани 76, активни 17
Пробиштип 30, активни 19
Демир Хисар 3, активни 2
Македонски Брод 7, активни 5
Пехчево 6, активни 2
Берово 3, активни 0
Валандово 6, активни 2
Виница 4, активни 1
Делчево 1, активни 0
Кратово 6, активни 3
Свети Николе 58, активни 51
Кичево 58, активни 49
Ресен 129, активни 88
Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Жан Митрев (Филип Втори) -235, Систина со PCR метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 360
Аеродром – 166
Бутел – 156
Гази Баба – 210
Центар – 156
Карпош – 153
Сарај – 140
Кисела Вода – 114
Ѓорче Петров – 111
Студеничани – 121
Шуто Оризари – 89
Арачиново – 46
Илинден – 34
Петровец – 18
Чучер Сандево – 18
Сопиште – 7
Зелениково- 13
Странец – 5
Нераспределен- 11

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This