ЗДРАВСТВОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: За една недела починаа шест дечиња, кои Таравари се обидуваше да ги сокрие!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири новороденчиња, двегодишно дете и 7-месечно бебе починаа за само една недела во клиниките во Македонија.

 

Две малолетни деца, едно на 7-месечна возраст и едно на 2-годишна возраст, починаа во последните 24 часа во Струга и во Охрид.

7-месечното девојче од Струга било донесено без знаци на живот на детското одделение во овој град, објавува телевизија Алсат.

МВР вчера се обиде да ја премолчи огромната трагедија која се случи во Охрид. За смртта на малото дете информираа со две реченици дека е починато дете и дека телото е предадено на обдукција.

Информациите до кои дојдовме отвораат сомнеж за сериозни пропусти во здравствениот систем. Како што дознаваме, девојчето прв пат било примено пред три дена, односно на 25 август. Според сознанијата, му била препишана терапија и било пуштено дома, а следната контрола му ја закажале за 3 дена.

Состојбата нагло се влошила завчера. Родителите околу 16 часот го донеле детенцето во охридската болница. Медицинскиот персонал му дал инфузија и откако му се подобрила состојбата повторно го пуштиле на домашно лекување.

Вечерта се случила огромна трагедија. Детето повторно е однесено во болницата од каде беше испуштено, но овој пат со влошена состојба и практично без знаци на живот.
Медицинскиот персонал се обидел да го реанимира, но безуспешно.

Македонската јавност е потресена од смртта на малите деца, како и од смртта на четирите новороденчиња од скопска Гинекологија.

Семејства завиени во црно, потресена јавност, страв кај пациентите. Но, одговорност нема. Премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Арбен Таравари и новите директори поставени од нив по партиска и пријателска линија, мораат да сносат одговорност за смртта на овие деца!

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This