ЗДРАВСТВОТО СЕ СООЧУВА СО СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Хроничен недостиг на медицински сестри во државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Во моментов не постои здравствена институција која нема дефицит на кадар, со средно, вишо и високо образование. Не постои таква здравствена институција и сето тоа што јас го слушам од колешките еве и денеска доаѓаат од цела Македонија од сите здравствени институции ќе ми го потврдат истото дека сите ние на работните места работиме со намалување на бројката…изјави за Алфа, Горана Бешлиовска, координатор на Унија на медицински сестри, техничари и акушери.

Сериозна закана им претстои на здравствените установи, поради недостигот на здравствени работници. Случајот со одделот за хематологија на Клиниката за детски болести, кој беше затворен само една ноќ бидејќи фалат медицински сестри го вклучи алармот. Сега е ставен во функција, меѓутоа долгогодишниот проблемот не е решен, анализира телевизија Алфа.

Директорката на Клиниката д-р Катерина Ставриќ во телефонски разговор за Алфа вели многу од медицинските сестри заминати се во пензија, не се примени нови , очекуваат да им се одобрат вработувања, минимум фалат 50 сестри, на клиниката има 140 сестри, ама 30 проценти се на боледувања, поради хронични болести.

Медицински персонал фали и во градската општа болница „Осми Септември” таму се вработени 60 нови , но уште толку недостигаат вели директорот на болницата доктор Костов, да бидат пружени здравствена услуги на пациентите. Дека се неопходни вработувања на сестри потенцираат и од унијата на медицински сестри, информира телевизијата.

-Во моментов не постои здравствена институција која нема дефицит на кадар, со средно, вишо и високо образование. Не постои таква здравствена институција и сето тоа што јас го слушам од колешките еве и денеска доаѓаат од цела Македонија од сите здравствени институции ќе ми го потврдат истото дека сите ние на работните места работиме со намалување на бројката. Не сме по стандард преброени на работните места како што треба да бидат индикаторите. По кревет на зафатнина, по број на пациенти, по број на лекари. По ниеден основ ние медицинските сестри не и исполнуваме бројките, изјави за Алфа, Горана Бешлиовска, координатор на Унија на медицински сестри, техничари и акушери.

Од невладините организации забележуваат дека има градинки каде нема медицински персонал за кој имаат потреба сите дечиња особено оние со попречености. Проблем е велат и пристапноста до болниците.

-Tреба да почнат инфраструктурно да се решаваат проблемите, а потоа и законските измени за да можат лицата со попреченост да имаат подобро е поефикасно здравство, изјави Суарет Алишан , НВО „Детски свет нов почеток”.

-Во моментов имаме забелешка во делот за рехабилитација. Тој дел во целост заостанува во нашата држава, во сите здравствени установи. Неколкуте центри за рехабилитација не соодветствуваат со нашите потреби во целост, изјави Миле Стојановски „Феникс СМ” од Прилеп

Од министерството за здравство велат дека уште е во тек темелна анализа за утврдување на потребите од кадар во јавните здравствени установи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This