March 29, 2024, 11:45 am

ЗДРУЖЕНИЕТО „ТИКВЕШКИ ЛОЗАРО-ОВОШТАРИ“ СО РEAКЦИЈА: Со оваа цена на грозјето дефинитивно се yништyвa земјоделецот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружениоето „Тиквешки лозаро-овоштари“ реагираат на откупната цена на грозјето, тие преку соопштение го изразија своето нeзaдовлcтво и бараат владата да реагира.

Ви го пренесуваме во целост соопштението на здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“:

Реакција по повод одлуката на владата за субвенции на лозарите од два денари.

Регионалното здружение Тиквешки лозаро овоштари не се согласува со ставовите кои беа изнесени на денешната прес конференција поради следните работи;

1-Цената на грозјето оваа година е за два денари пониска од ланската година.

2-Субвенциите кои ги дава владата не е ништо ново измислено бидејќи субвенции се давале години наназад и кога цената на грозјето била повисока од денешната цена.

3-Овие субвенции треба да се дадат поради сушата која ја зафати тиквешијата и со самото тоа се намали родот за над 30 %, а не како основна субвенција која учествува во крајната цена на грозјето.

4-Владата не изврши воопшто посредништво помеѓу винариите и лозарите со што се направи голема штета на лозаро производителите.

5-Регионалното Здружение Тиквешки лозаро овоштари никогаш не беше повикано на разговори со владата или со било какви институционални претставници, со што се сомневаме дека целата оваа прикаска е изрежирана во некои кабинети уште многу поодамна.

6- Владата намерно ја одолговлекуваше целата работа околу цената на откупот на грозјето со што не стави пред свршен чин во минута до дванаесет лозарите да немаат избор и да мора да го дават своето грозје по рекордно ниски цени.

7-И покрај тоа што на денешната прес конференција некои викаа дека ова нема врска со политика сепак оваа работа и те како многу мириса на политика.

Ги прашуваме членовите на Здружението Напредни лозари зошто кога им требаа потписи да им собираме ни звонеа и на полноќ, а сега сами излегоа на прес конференција повикувајќи се во име на лозарите.

На крај уште еднаш укажуваме дека ова е целосно понижување на лозарите и ние бараме хитна средба со министерот за земјоделие на која ќе разговараме за зголемувањето на прагот на шеќерни единици од страна на винариите со што со самото тоа се намали цената на грозјето.
Со оваа цена на грозјето дефинитивно се уништува земјоделецот и на младите не им преостанува ништо друго освен да си ги спакуваат куферите и да им купиме карта во еден правец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This