April 19, 2024, 11:22 am

ЗЕКОЛИ: Доста се боревме против корупцијата, време е да се бориме против корумпираните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најконкретна илустрација за последиците на таквиот социјален инженеринг кај нас и во регионот е манипулативниот политички вокабулар со кој горчливите теми се преведуваат во горливи флоскули без суштина, смисла и вкус. Земете ја за пример сеопшто прифатената формулација за борба против корупцијата и начиниот на кој истата се користи од политичарите, пишува Зеколи во својата последна колумна за Дојче Веле.

Според него борбата против корупцијата која во основа е школски пример за Орвеловскиот ,,double-talk” или попознато како комунистичката реторика за замаглување на одгвороносто со правилото „виновни сме сите, никој не е одговорен”.

-Борбата против корупцијата е формулација која убаво звучи, но е во основа школски пример на Орвеловскиот double-talk или нам попозната комунистичка реторика на замаглување на одговорноста според правилото „виновни сме сите, никој не е одговорен”. Но дали имате слушнато досега кој било да повика на борба против конкретниот корумпиран лик, идентификуван со име, личност со име и презиме? Зошто е толку лесно да се расфрламе со пежоративни етикети на националист, шовинист, расист, комуњара, фашист – но сѐ уште сме несклони кон користење на именката „корумпиран” како предзнак на политичарите кои и тоа како си ја имаат заслужено таа чест, вели Зеколи.

Зеколи истакнува дека на Македонија конечно и е потребна броба против корумпираните.

-Форсирањето на воопштената квалификација на корупцијата како феномен е есенцијално бесмислен множествен оксиморон сѐ додека истата не се надополни со прво лице еднина низ конкретно именување на корумпираниот политичар. Оттаму, првиот чекот во спроведување реформи не се законодавните педантерии и процедури, туку промената на јазикот и начинот на кој го употребуваме јазикот, негова хуманизација како контратежа на правничката лингвистика скроена од системот согласно системските потреби. Одбивноста на естаблишментот за прифаќање на таквата хуманизација на комуникацијата со општеството е секако прерогатив на моќта, но и сигурен пат кон целосно замирање на дијалогот и натамошна ерозија на кредибилитетот на државата, заклучи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This