На аналитичарот Арсим Зеколи не му се допаѓа идејата за консензуален претседател која ја наметнува претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој коментира дека доколку граѓаните чекаат Заев и Ахмети да испорачаат претседател кој достоинствено ќе ги преставува ќе добијат само уште едно големо, огромно, шарено, дебело разочарување.
-Доколку граѓаните чекаат Заев и Ахмети да испорачаат претседател кој достоинствено ќе ги преставува, ќе добијат она што им следува на оние кои веруваат во медиумски кроенки и вештачки дизајнирани профили. Едно големо, огромно, шарено, дебело разочарување, пишува Зеколи на Твитер.