ЗЕКОЛИ И ОФИЦИЈАЛНО АПСТИНИРА: Првата причина е интуитивна реакција на отворената манипулација на протнување на Договорот „на мала врата“ преку експлоатација на поддршката на граѓаните за ЕУ и НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Немам сомнеж дека Референдумот „ќе успее“ и дека „ќе нѐ биде”. Начинот на кој ќе се постигне тој „успех“ и нашето „биднување“ е мојот финален аргумент зошто сум обврзан да апстинирам. Колумна на Арсим Зеколи.

Зошто не сум „за“: Првата причина е интуитивна реакција на отворената манипулација на протнување на Договорот „на мала врата“ преку експлоатација на поддршката на граѓаните за ЕУ и НАТО. Втората причина е што и покрај сите уверувања дека доволно е да се прочита Договорот за да се потврди дека идентитетските прашања се неоспорени, остануваат редица недоречености засновани на претходните искуства. Сметам дека е доволно да потсетам дека и Рамковниот Договор беше релативно јасен во неговата пишана форма. За потоа и оние кои навреме го имаат прочитано и оние кои и ден денеска го немаат видено да се уверат во практичните и тегобни последици на пишаните гаранции и кариеристичките експлоатации на потписниците. Затоа, со оглед на каскадните изјави давани од оваа влада (слично на претходната), треба да се укаже дека најслабата алка во Договорот не се недоречените параграфи и членови, туку лабилноста на ставовите на потписниците. Надополнето со тоа и молкот на нашите институции кон дискутабилните изјави од соседството со кои се негираат ставовите на нашите водства и се фрла сенка врз Договорот, но уште повеќе и врз идните ефекти кои можат да произлезат во долгиот и магловит процес на интегрирање. Како што впрочем и се покажа низ последниот пример, невообичаено тврдиот и категорично негативен де факто одговор на партијархот Вартоломеј на писмото упатено до него од премиерот Заев.

Гестот на Вартоломеј (кој можел барем да се стрпи до 1 октомври) задира во следниот суштински недостаток на Договорот – немањето гаранции. Имено, имам целосно разбирање – често и симпатии – за тоа што Договорот наидува на широка поддршка кај Власите, Турците, Ромите, Србите (со задршка за молчеливите стотина илјади носители на бугарски пасош), но сепак тоа се должи на еден непобитен факт – дека Договорот е речиси ексклузивно дискутабилен за – и вперен контра – двете мнозински етничко идентитетски заедници, Албанците и Македонците и нивните истории и идентитети. Правото за определба на останатите заедници е неспорно, исто како што мора да биде неспорна и грижата на двете заедници како реципиенти, но и присилени гарантори на одлуки доверени од страна на елити со сомнителен демократски изборен и инаков бекграунд, или пак криење зад грст системски Албанци или етно-Омароси. Толку за внатрешните гаранции, кои се дури и полесно разбирливи од оние надворешните, предизвикани од драматичните и во тек геостратешки престројувања. Имено, заладувањето на односите на Турција и САД, како и традиционалните топло-студени релации помеѓу Турција и ЕУ ја дефинира новата стратешка битност на нашиот јужниот сосед. Притоа, САД повеќе зависи од Атина отколку што Грција зависи од Вашингтон. Што неминовно ја подвлекува дилемата дали навистина Договорот е решение за спорот, или пак предигра за нови дополнувања во текот на претпристапните преговори, за кои никој од сегашната или идната влада не може да гарантира дека таквата можност е исклучена. Проблемот е во тоа што токму по ова прашање се детектира дихотомијата на Договорот – поради клиентелизмот наш насушен, САД, ЕУ, НАТО, Германија можат да гарантираат за нашите идни ставови. Но САД, ЕУ, НАТО и Германија не можат да гарантираат за идните грчки ставови – дури и ако сакаат. Драмата со пишман-принципите за непроменливост на границите како камен-темелник на европската безбедност која се одвива северно од нас, е само потсетник за вербата во мртвите пишани слова на денешната политика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This