March 28, 2024, 10:16 am

ЗЕЛЕНАТА ГРАДИНА ЗА ГТЦ НА ШИЛЕГОВ Е ДЕТСКА РАБОТА: Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија го искритикува поректот за кровот на „ГТЦ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), Мартин Пановски вели дека понуденото решение за Зелената градина за покривот на Градскиот трговски центар воопшто не заслужува да се коментира.

„Мене ми е веќе преку глава да разговарам за детски работи. Она што е таму ставено го има правено некој што или не работи проектирање сериозно или е ангажирана градежна компанија која си има вработено некој млад архитект. Не вреди понатаму да се коментира. Прва работа, доколку нема конкурс за тоа решение, џабе разговараме дури и да е најдоброто. Втората работа е што тоа стварно изгледа смешно за да се даде во јавност, сепак сме 21 век. Ова се зачетоци на три -де рендери, а дизјанот како дизајн е смешен“, вели Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

За зелената градина на ГТЦ Асоцијацијата ќе има и официјален став, кој претседателот Пановски го најави за утре.

На социјалните мрежи нема крај на коментарите за зелената градина. Граѓаните бараат градоначалникот да направи приоритети и да почне да ги решава приоритетните проблеми, а козметичките интервенции, каде што ја сврстуваат градината на ГТЦ, да ги остави за подоцна. Имаат забелешки и зошто не е опфатен целиот покрив туку само дел од него, зошто место само зазеленување предвидено е и поплочување со бекатон и сметаат дека зелената градина му се наметнува на ГТЦ на ист начин како што претходната владејачка гарнитура му го наметнуваше барокот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This