March 28, 2024, 11:57 pm

Зелената мaфиja блиска до власта им ја цицa мaкaтa и им го jaдe трудот на македонските земјоделци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот напатен земјоделец, кој со огромен труд ги произведува своите производи, благодарение на „Зелената мафија“ која им ја цица крвта за багателни цени ги продава своите производи, истакна денеска Александар Николоски, носител на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, во четвортата Изборна единица.
Во рамките на своите предизборни активности, тој денеш беше во Валандово од каде што појасни дека 4-5 откопувачи, кои се во тесни врски и во тесна соработка со фамилијата на власт, односно Заеви, три години ги уништува македонските земјоделци.

– И тоа што најмногу ме боли и што го слушам каде и да одам, е тоа што ги прегазија земјоделците. Зелената мафија, составена од 5-6 откупувачи, кои што се во тесна врска и во тесна соработка со фамилијата на власт, ви ја цица маката и ви го јаде трудот. Зелената мафија три години ги уништува македонските земјоделци. Лани, на пример, се сетиле господава од зелената мафија да се излобираат во Владата, да се увезува тутун без да се откупи домашниот, рече Николоски.
Тој појасни дека со овој проблем се соочуваат земјоделците во многу македонски градови и населени места како Прилеп, Валандово, Босилово каде што тутунот им го откупувале по пониски класи од тоа што навистина е.

– И така ми се жалат во Прилеп, ама ми се жалат и тука Валандово и во валандовско, ми се жалат и во Босилово дека, прво, не им се купувал тутунот за на ескалира, па потоа мораат да одат да молат да им се земе. Па, наместо да им го пишат прва класа, им го пишуваат втора, а наместо да им го пишат втора им го шишуваат трета класа. И го изедоа трудот, истакна Николоски.
Тој додаде дека во четвортата Изборна единица до сега требаше секоја куќа да има приклучок на гас кој е ефтин е еколошки енергенс за затопловуње на домовите. Но, не само што немаат добиено гас, туку и неговата родна Струмица, која е гасифицирана, има најкап гас во целиот свет.

– Во четвортата Изборна единица, требаше до секоја куќа да има гас, според нивните ветувања. Ништо од тоа нема, а во Струмица од кај што е најголемиот локал патриот, плаќа најскап енергенс во светот, поскапо им е да се греат на гас отколку на било кој друг енергенс, затоа што мора да има пола за батето. Таа е вистината за Македонија, таа е вистината за четвртата изборна единица, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This