ЗЕМААТ ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА ПЛАТА: Партиски вработувања со екстра високи плати во Агенцијата за цивилно воздухопловство?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бранот на вработувања во јавната администрација, не стивнува. Секојдневно се нудат работни места во државни институции од секој вид со повик за вработување во министерства, локална самоуправа, агенциии, и скоро сите државни установи. На огласите обично се бараат по повеќе лица, а за голем дел од нив се нудат мошне солидни плати. Последниот од низата огласи за вработување во државните агенции е оној на Агенцијата за цивилно воздухопловство, која преку Агенцијата за администрација на 27 јули 2019 година во дневниот весник Нова Македонија објави огласи за пополнување на три атрактивни работни места. Инаку, за вработените во АЦВ познато е дека земаат високи, ако не и највисоки плати во земјава. Во јавноста се познати повеќе ckaндалозни вработувања во оваа Агенција, на лица блиски со министри, директори и различни функционери. Сепак прашањето за вработувањата, барем во оваа агенција, не е пpoблематично само од аспект на нeeпотизам, туку и од апсект дека се работи за многу одговорни позиции чии гpeшки можат да чинат живот, пренесува Република.


Според неофицијалните информации, имињата на лицата кои треба да ги пополнат тие работни места се веќе познати. А, кои се лицата кои треба да седнат на фотелјите во Агенцијата за цивилно воздухопловство ?

Огласите се наместени. Објавени се три атрактивни огласи за работни места за кои однапред се знаат имињата на тие кои ќе бидат примени. На првиот оглас, Советник за стандарди и регулатива со почетна плата од 48.000 денари ќе биде примена ќерката на екс директорот на Агенцијата Зоран Крстевски, Емилија Крстевска. Крстевска е примена договорно во Агенцијата уште од времето кога директор на Агенцијата беше Горан Јандревски, пријател на Зоран Крстевски – вели извор на Република.

Според него на огласот за Виш соработник за опасни материи со почетна плата од 45.600 денари ќе биде вработена Блеринда Хамиди, ќерка на довчерашен осум годишен член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба, Фарудин Фарко Хамиди.

Блеринда, исто како и Емилија Крстевска, е примена договорно во Агенцијата уште од времето кога татко и Фарудин Фарко беше член на Управниот одбор на Агенцијата. Пред само неколку месеци Фарко си ја вработи и другата ќерка во ЕЛЕМ – вели изворот.

На местото раководител на одделение за пловидбеност со почетна плата од 117.600 денари наводно ќе биде примен Александар Мојсовски.

Тој беше 4-годишен член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба и по договор ја обавуваше истата позиција за која сега редовно се ангажира. Александар за 2 месеца ќе полни 64 години и по редот на нештата требаше да си замине во пензија – вели нашиот извор.

Одговор на тоа зошто огласи за вработување се објавуваат во ек на годишни одмори и тоа во сабота, побаравме од АЦВ.

Објавувањето на огласи за вработување на државни службеници е во надлежност на Агенцијата за администрација (АА). АЦВ од АА, со доставување на неопходната документација на почетокот на јули, побара да биде објавен огласот за вработување. Во рамки на своите ингеренции, огласот е објавен од страна на АА – изјавија за Република од АЦВ.

На прашањето дали огласите се пуштени за лица кои веќе работат во Агенцијата, како би се регулирал нивниот статус или пак за нови лица од надвор, од АЦВ ни одговорија:

Огласот е од јавен карактер и на него можат да се пријават сите што сметаат дека ги задоволуваат дефинираните критериуми. Тоа значи дека можат рамноправно да аплицираат сите кандидати што ги исполнуваат бараните услови во огласот, независно дали се или не се во овој момент работно ангажирани во АЦВ.

На неофицијалните информации и прашањето дали се познати лицата кои ќе ги пополнат бараните позицици, од Агенцијата за цивилно воздухопловство ни одговорија дека постапката и фазите на евалуација на пријавените кандидати се врши според утврдени критериуми од страна на МИОА и АА.

Со оглед на специфичната дејност што ја извршува како регулаторно тело во областа на воздушниот сообраќај, ултимативен интерес на АЦВ е да бидат ангажирани најквалитетните кадри за работните позиции за кои се неопходни стручни познавања, соодветна едукација, релевантна обука и искуство- велат од АЦВ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This