ЗЕМАН: ЕК е бирократски орган кој се однесува како влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По изборите за Европскиот парламент во мај Европската комисија треба да престане да се однесува како европска влада, и излегувањето на Велика Британија од заедницата треба да биде направено максимално прифатливо за двете страни, нагласува чешкиот претседател Милош Земан во интервју за прашки „Блеск“.

– Европската комисија е бирократски орган, но се однесува како европска влада, наведува претседателот.

– Всушност, владата на Европската унија е Европскиот совет во кој има претседатели и премиери од државите.

Земан додаде дека се надева дека некој ќе им објасни на членовите на ЕК дека тие се само чиновници.

Според чешкиот претседател засега „губат и Велика Британија и ЕУ“, но тој верува дека двете страни ќе се договорат и ќе ги сведат на минимум негативните последици од брегзит.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This