ЗЕМЈАТА НА АЛЕКСАНДАР И ФИЛИП: Репортажа на РОСИЈА 1, за Македонија која има повеќе историја од било која друга држава во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руски репортер и патеписец направи репортажа за Македонија која се емитува во Русија на ТВ Росиа 1. Репортажата е во најпопуларната туристичка емисија „Непутевје заметки“, која се емитува на Руската национална телевизија Росија 1. Репортерот и патеписец Димитри Крилов, кој ја направил оваа репортажа, Македонија ја претставува како земја на Александар, Филип и Мајка Тереза.

Емисијата се емитува за време на неделните заеднички собири на фамилиите во Русија и ја гледа речиси секој Русин. Крилов ја опишува Македонија како мала земја која најверојатно има повеќе историја од било која друга во Европа. Тој потенцира дека Македонија некогаш била светска империја и велесила, кажува за Александар Македонски кој успеал да го обедини целиот свет во антиката.

Крилов уште раскажува за тоа дека Македонија била најважната алка на Римската империја, како и за
тоа дека многу царства се направиле тука и пропаднале тука. Патеписецот Крилов зборува уште за убавините на Охрид, за македонскиот цар Самоил кој го завладеал целиот Балкан. Македонија ја нарекува лулка на христијанството, односно го потенцира тоа дека Апостол Павле оттука започнал да го проповеда христијанството. Крилов за крај вели дека мистериите и загонетките се бескрајни во Македонија, и препорачува дека
секој Русин треба да ја посети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This