ЗЕМЈИТЕ ОД БРИКС НЕМА ДА ВОВЕДАТ САНКЦИИ: БРИКС жестоко против еднострани санкции за Иран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

БРИКС е против воведувањето на унилатерални санкции на САД против Иран, оваа тема ќе биде еден од главните на претстојниот министерски состанок на земјите членки на групата во Јужна Африка, рече шефот на Министерството за надворешни работи на БРИКС Михаил Калугин.

Како што рече тој , сите овие земји имаат прилично развиен однос со Иран, и поради оваа причина тие исто така се против воведување на вакви рестриктивни мерки.

“БРИКС ги претставува ставовите за анти-интервенционизам во внатрешните работи на земјите и е против воведувањето на контрапродуктивни санкции. Ние инсистираме на правото на сите нации да развијат и да изградат односи со оние земји што сакаат “, рече Калугин.

Тој додаде дека БРИКС ќе продолжи да ги развива односите со Иран и покрај американските санкции.

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на 8 мај дека САД се повлекува од нуклеарниот договор со Иран, обвинувајќи го Техеран за збогатување на ураниум и развој на забрането нуклеарно оружје.

Трамп нареди веднаш да започне процесот на враќање на санкциите кон Техеран, но исто така и против оние земји кои тргуваат со Иран.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This