Земјите членки на ЕУ не смеат сами да набавуваат вакцини, предупредува Европската комисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес денеска ги предупреди земјите-членки на ЕУ да не се обидуваат да склучат одделни договори за набавка на вакцини, бидејќи тие со заеднички договор го пренеле тоа право на Комисијата.

-Дозволете ми да ве потсетам дека со одобрување на договорот за делегирање на преговорите за набавка на вакцината на Европската комисија, вие се согласивте да не започнувате сопствени процедури за набавка на вакцини со истите производители, им рече комесарката Киријакидес на министрите за здравство на земјите членки, разговарајќи за здравствената состојба во ЕУ преку видео врска.

Земјите-членки на ЕУ во јуни минатата година и дадоа мандат на Европската комисија да преговара и да склучуваат договори за набавка на вакцини во нивно име.

Изминатите денови е актуелна објавата на Германија дека склучила билатерален договор со „Фајзер/БиоНТек“ за набавка на дополнителни 30 милиони дози. Исто така, Кипар се обиде да склучи договор со Израел за набавка на вакцини.

-Го разбирам притисокот на јавноста во земјите членки и стравот на граѓаните, но склучување на паралелни договори само го поткопува европскиот пристап што веќе даде резултати, рече комесарката.

Европската комисија досега има потпишано договори за набавка на вакцини од шест различни производители, од кои двајца веќе се одобрени за употреба, „Фајзер/БиоНТек“ и „Модерна“.

Вакцината се дистрибуира до земјите-членки според нивниот удел во вкупната популација на ЕУ.

Извор:МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This