April 20, 2024, 10:14 am

Земји во кои можете да бидете казнети поради носење бикини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако западните земји по правило се полиберални, сепак и овде можете да бидете казнети ако носите бикини надвор од плажите. Тоа може да ви се случи и во многу отворената Барселона, а во некои други земји поради тоа можете дури да завршите во затвор.

Instagram моделот Кинси Голден неодамна се возеше со мотор на бикини на Филипините. Полицијата ја запре и ја предупреди да се облече. За среќа, се остана само на предупредување, кое Кинси го прифати.

Во еден друг инцидент учествуваше еден маж, на кого очигледно не му било доста од луда забава. Имено, тој на аеродромот во Палма де Мајорка се појави во виолетови бикини. За среќа, Шпанија е либерална земја, па ова момче помина без казна.

Од друга страна, една дама во 2010 година шеташе во бикини во трговски центар во Дубаи. Таа е експресно приведена, во однос на тоа дека во овој пребогат град таквите работи никако не се дозволени.

Ако носите бикини надвор од плажите, можете да бидете казнети и на Хвар, но исто така и во Барселона.

Од друга страна, ако во Турција прошетате во некој град во бикини, може да ви се случи на неколку дена да ја запознаете внатрешноста на турските затвори.

Непристојното облекување не е дозволено ниту во Фиџи, додека во Индија, на некои плажи, би можеле и да настрадате ако се одлучите за топлес.

Муслиманските земји се прилично строги кога станува збор за облекувањето. Така во рајот на земјата – на Малдивите, максимално е дозволено сончање во бикини.

Во однос на тоа дека ништо не може да го уништи одморот повеќе од тоа да бидете уапсени или парично казнети, совет е секако да ги почитувате правилата на земјата која ја посетувате.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This