ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ МОЖЕ ДА СЕ СЛИКААТ: Љупче Николовски го боли увце, па отишол на виолина – овогодинешната реколта ја изеде асфалтот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да го остварат сето она што го ветуваа, министрите на новата влада треба да ги слушнат проблемите на народот и, секако, да засукаат ракави.


Земјделците бараат прогласување елементарна непогода за житарките, праските скапуваат, откуп нема, струмичкото поле преполно со домати, краставици и висококвалитетни пиперки, но без реална откупна цена. А за сите овие проблеми на земјоделците новата влада и глува и нема.

Додека асфалтот го голта родот, министерот Љупчо Николовски се гоштева. На својот Фејсбук профил синоќа тој објави фотографија од гозба, на која големото друштво го забавува музика на уво. Да биде иронијата поголема, пирот на Николовски е во ресторанот „Попова Кула“ во близина на Демир Капија, на половина час возење од Росоман или Струмичко, каде што ескалира земјоделската криза.

Уште еднаш ќе ги потсетиме министрите од новата влада, вратите на владата се отвораат кога министрите ќе слезат меѓу граѓаните, ќе ги слушнат нивните проблеми, а не со топење ограда од ковано железо.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This