ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НАЛУТЕНИ: Поголема акциза за нафтата, помали субвенции за земјоделците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе пари во буџетот, а помалку за македонскиот аграр, Владата ги извиси земјоделците. Им ја зголемуваат акцизата на горивата, а им ги намалуваат субвенциите. Фармерите очекуваат зелената нафта да го ублажи ударот од зголемената акциза, пишува телевизија Алфа.

Им ја зголемуваат акцизата на горивата, а им ги намалуваат субвенциите. Земјоделците бесни на власта, зашто пред изборите им ветуваше брда и долини, а сега удри врз нив. Наместо предвидените 160 милиони евра субвенции, сега добија само 136 милиони.

Зголемувањето на акцизата на нафтата на голема врата ќе им тропне на земјоделците.

Заменик министерот за земјоделство Власте Димковиќ рече дека не било точно дека земјоделците годинава добиле помалку пари. Вели дека субвенциите биле исплатени, а сите поинакви информации во јавноста се субјективни видувања. На прашањето за зголемување на акцизата на нафтата, барем денеска, не сакаше да зборува.

Секој дополнителен трошок и евентуално поскапување влијае врз земјоделството, реагираат и од Федерацијата на фармери по најавите за зголемување на акцизата на нафтата.

Според новоизбраниот претседател Васка Мојсовска, се уште нема конкретни анализи колкави би биле штетите од зголемувањето на акцизата врз земјоделството, иако се очекува сериозно влијание.

Дека зголемувањето на акцизата ќе има негативни импликации, реагираше и досегашниот претседател на Федерацијата Никола Стаменов.

Инаку, пласманот и квалитетот на производството, климатските промени, економското јакнење на жените и младите фармери, ќе бидат во фокусот на Федерацијата на фармери која го одбележа јубилејот, 15 години од основањето.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This