ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НА УЛИЦА, КАБИНЕТОТ НА НИКОЛОВСКИ ВО КАФЕАНА: Додека земјоделците трпат за леб, функционерите на СДСМ тераат предновогодишни забави во кафеани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Земјоделците едвај крпат крај со крај, тие не можат повеќе да издржат и да ги слушаат  празните ветувања на власта. Денеска тие излегоа со блокади за да го изразат својот револт. Бараат редовна исплата на субвенциите, а не само ветувања дека тие ќе биле повисоки, решение на проблемот со ветената Зелена нафта која ја нема, ниски откупни цени, слаба државна поддршка.

Додека земјоделците мрзнат по улиците протестирајќи против погубните политики на власта, кабинетот на министерот за земјоделство Љупчо Николовски предновогодишно се забавува по кафеани. Имено на фотографијата подоле се наоѓа Благоја Индов кој е директор на државниот инспекторат за земјоделство, Томе Мојсовски дел од кабинетот на Николовски и негов личен советник за земјоделство и уште еден вработен во земјоделскиот инспекторат. Тие се седнати во кафеана и уживаат во богата гозба и жива музика, а земјоделците трпат за леб. Можеби функционерите на СДСМ прославуваат за нивната успешна година, но земјоделците не го делат нивното мислење поради фактот што поголем дел од времето годинава тие поминаа на блокадите отколку на полињата од кои тие го вадат лебот.

Игнорантскиот однос на власта кон потребите на земјоделците од ден во ден е се по голем и сеуште не сме ја виделе неговата кулминација која ќе следи во наредните месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This