ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОСТАНАА СО ПРСТОТ ВО УСТА: Откупот на бостан во застој, земјоделците бараат итна средба со Николовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Површините со бостан се скоро преполовени во однос на лани, а откупот речиси во целост стагнира. Голем дел од производството се уште е по нивите и доколку не се преземе нешто најголемиот дел од родот ќе скапе, реагираат производителите на бостан од струмичкото село Колешино.

За Сител велат од десет магацини во подбеласичкиот регион откуп вршел само еден и тоа најмногу по еден шлепер дневно.

-Некни беше пет денари, сега три до два денари дали има и тоа на прекупците. Нема никаков откуп, а ако има, има за некој, за другите нема, за пет души само, вели Ванчо Мирле за Сител кој е производител на бостан.

-Стои во нивите. Уште некое време ќе стои и може да скапе ако не се организира да дојдат од горе од Министерството за земјоделие, посочува Здравко Гуцев, производител на бостан.

-Од лани е десеткувано производството. 60 па дури и 70% е намалена површината со бостан општо во подгоријата. Се надевавме на некоја пристојна цена од 5 до 7 денари. Значи откупот е нула и во застој, нагласува Панчо Тилев кој исто така е производител на бостан.

Освен на слабиот откуп производителите реагираат и на ниските откупни цени кои не ги покривале ниту основните трошоци.

-Нас три денари не не покриваат воопшто. Тука сме на нивата и ја гледаме каква е состојбата со бостанот. Бостанот ни е уништен веќе. 50 до 60% сигурно ќе ни остане на нивата. Лани се надевавме на некаков откуп, имаше некаков откуп, зедовме за трошоците пари ама таа година е многу поголема катастрофа од лани, вели Станислав Пујкиловиќ.

Производителите на бостан од Колешино бараат итна средба со министерот за земјоделие, да разговараат и заеднички да најдат решение за надминување на состојбата. Во спротивно, земјоделците не ја исклучуваат можноста и од масовни протести и блокада на граничниот премин Ново Село.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This