April 26, 2024, 12:55 pm

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЌЕ БАНКРОТИРААТ: Кратење на субвенции, поскапа нафта и зголемена цена на производство за 800 денари по хектар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со поскапувањето на акацизата што го најави новата Влада на чело со Зоран Заев и министерот Тевдовски за скоро 3.5 денари на дизелот земјоделското производство на зелката и кромидот станува поскапо за 800 денари по хектар, анализира Економски.мк.

 

Имено, поскапувањето на нафтата силно ќе влијае на намалување на производството што ќе доведе до дотепување на обичниот земјоделец ако се земе во предвид дека пласман за земјоделските производи не се обезбеди а цените се катастрофални.

Иако сегашниот премиер Зоран Заев во предизборната кампања за парламентарните избори ветуваше дека ќе има сигурен пласман на земјоделските производите по пристојни цени тоа не се случи.

Според тоа што се случуваше на терен ни едно од овие ветувањата кои ги даде Заев не се исполнија од кога актуелниот премиер седна на премиерското столче. Земјоделците го покажаа својот револт на неколку наврати бидејќи како што велат тие биле изиграни и излажани од новата влада, анализира Економски.мк.

Инаку според порценките на Економски во текот на една година за еден хектар производството на зелката и кромидот би изнесувало:

Два пати орање рамнење и браздење

120*3.5= 420 денари

Два пати прашење

100*3.5=350

Трансфер до склад/откупен центар

8*3.6=30

ВКУПНО= 800 денари

Со ваквото покачување на трошоците за производство на кромидот и зелката но и на другите земјоделски производи со поскапувањето на акцизата ќе се доведе до уништување на ситниот земјоделец. Исто така со најавената мерка од страна на актуелниот премиер Зоран Заев дека само оние земјоделци кои ќе прикажат 10% повеќе производство од лани ќе добијат субвенции голем број од земјоделците нема да добијат субвенции за да ги покријат основните трошоци за производство за следната реколта.

 

Со покачувањето на акцизата огромно се покачуваат и трошоците за производство кои треба да ги сноосат земјоделците со што драстично ќе се намалуваат посадените површини. Со ваквите мерки намерно се уништива обичниот земјоделец кој опстојува од оваа гранка и оние семјества кои имаат земјоделие како додатна гранка преку која го полнат домашниот буџет. Со овие мерки се фаворизираат крупните земјоделски претпријатија кои имаат капацитет да покажат продуктивност и финасиски можат да ги издржат покачувањата на трошоците со што голем дел од субвенциите ќе ги земааат токму овие компании. Исто така со овие мерки се дестимулира земјоделството како гранка и се обесхрабруваат младите луѓе кои сакаат да отвораат мали сопствени земјоделски бизниси бидејќи трошоците стануваат преголеми и станува економски неисплатлив потфат. Актуелната влада не само што не донесува мерки за подршка за стимулирање на мали и средни бизниси во земјоделието туку напротив и оние мерки кои ги предлага се на штета на ситниот земјоделец, објавува Економски.мк

Со ваквите мерки се стимулира окрупнување на земјоделието односно давање на можност моќните комапнии додатно да профитираат и да се окрупнуваат додека се уништува традиционалниот земјоделец и малите семејни земјоделски бизниси кои за да опстанат во првите години и да бидат рентабилни неопходна им е помош од државата во форма на субвенции.

Новаата влада на чело со Зоран Заев намерно го уништува ситниот земјоделец и ја уништува средната класа односно ги скратува сите можности за јакнење на таа средна класа додека агресивно ги осиромашува и онака сиромашните граѓани а во своите обраќања го говори сосема спротивното, анализира порталот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This