ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ЈА КРЕНАА ГАЛИЧИЦА ЗА 5 САНТИМЕТРИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според првичните сè уште неофицијални резултати од сателитските мерења со кои располагаат на Природно-математичкиот факултет во Скопје, последните земјотреси од Охридскиот регион издигнале некои делови на северна Галичица за 4 до 5 сантиметри. Алсат-М дознава и дека уште поинтересни се мерењата за хоризонталните поместувања на земјиштето што се случиле во поширокиот регион на епицентарот на земјотресите. Станува збор за поместувања од најмалку 30-тина сантиметри во правец на југоисток. Во некои делови, тие поместувања може да бидат и до метар и половина. Сепак, според професорот Ивица Милевски од ПМФ, станува збор за сателитски податоци кои допрва треба подетално да се утврдат.

Во меѓувреме, во Охрид денеска започнаа заеднички истражувања на Охридското езеро на Хидробиолошки институт од Охрид и Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен,Унгарија. Ќе ги утврдуваат составот и староста на водата. Запрашани за актуелните сеизмички случувања во регионот, дел од учесниците не сметаа дека тие имаат врска со самото тектонско потекло на езерото.

„Не би барал директна поврзаност меѓу Охридското езеро со тие раседи. Со оглед на тоа дека главните раседи кои ја контролираат еволуцијата на Охридското езеро со тектонскиот развој се со мередијански правец односно се протегаат север-југ. Овој кој е сега засегнат е во тотално обратна насока.“ – вели  Марјан Темоски- Институт за нуклеарни истражувања- Дебрецен –Унгарија

Но, професорот во пензија, Здравко Крстаноски го смета спротивното. Вели дека од историска гледна точка во минатото дошло до тектонско пореметување на тлото односно до спуштање на Охридската котлина долж трите раседни линии. Според него, постојат податоци дека дното на езерото сè уште тоне и дека дел од раседните линии се наоѓаат токму под езерото. Инаку, најголем дел од 1.200-те земјотреси кои се случија во последниве 20-тина дена се со епицентар во северниот дел на планината Галичица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This