Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира земјотрес чиj епицентaр потекнува од охридското епицентрално подрачје.
Земјотресот се случи во 1 часот и 2 минути со Рихтерова локална магнитуда 2,8.
Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.