March 28, 2024, 10:52 am

ЗЕМЈОТРЕС ВО ХРВАТСКА:: Се слушна татнење и се почна да се тресе, училиштата евакуирани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотрес со јачина од 4 степени по Рихтер утрово ја погоди Славонија.

Епицентарот е на десет километри од Славонски Брод на длабочина од два километри.

Според моменталните информации поголеми штети немало, освен што предизвикал вознемиреност кај населението.

Училиштата се евакуирани превентивно.

-Се слушна татнење и почнаа да се лулаат работите, рече еден од граѓаните кои го почуствувале потресот.

Службата 112 е пренатрупана со повици, но се уште никој не јавил за штета или повреди, но голема е вознемиреноста меѓу граѓаните кои моментално бараат информации каде точно бил потресот. Некои се плашат зошто не знаат дали ова бил поголем потрес или е претходница на уште посилен.

Тресеша во два брана. Првиот беше силен, вториот малку послаб, но силно се почувствува и слушна, рече жителка на Славонски Брод.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This