Зетот му влегол со нож на бабата и дедото, па сакал да си пресуди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера во 19,10 часот во полициската станица во Куманово, соседот С.С.(1989) пријавил семејно насилство во семејството на Б.Д. и Ј.Д.

stop-policija-lenta

Во домот на оштетените дошол нивниот зет Б.С. од с.Табановце во видно алкохолизирана состојба и првин ја скршил влезната врата, по што откако влегол во домот на Б.Д. и Ј.Д. почнал со расправија, барајки ја наводно неговата сопруга. Веднаш потоа со  употреба на нож на Б.Д. и Ј.Д. им направил исекотини во пределот на рацете, а на Ј.Д. исекотини на левата страна од вратот.

Оштетените успеале да избегат од дома кај соседот, додека Б.С. останал внатре и со истиот нож се самопвредил.

Откако соседот видел дека Б.С. е легнат во ходникот веднаш повикал и брза помош по што е однесен во Ургентен центар во Општа Болница Куманово, а потоа поради сериозноста на повредата е е префрлен на Клинички Центар Скопје.

По овластување на јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This